Министерството за одбрана на Руската Федерација повторно е воено присутно во Арктикот, пренесува РИА Новости.
Заменикот министер за одбрана, Аркадиј Бахин изјави дека бил организиран поход на неколку воени бродови на Северната флота во приарктичките реони по Северниот морски пат, до западното крајбрежје не островот Котелни.
„Пред два дена група бродови на Северната флота пристапи кон исполнување на основните задачи на островот Котелни. Ние дојдовме овде, или, поточно кажано - се вративме за постојано“, изјави Бахин.
Тој додаде дека на Новосибирските острови ќе биде реновиран и ставен во функција аеродромот Темп, кој уште во октомври ќе може да ги прима тешките Ан-72 и Ан-74.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче