Трговската размена меѓу Русија и Иран помала во 2012 година за 37,9%

Санкциите удрија по трговската размена.

Трговската размена меѓу Русија и Иран се намали минатата година поради новововедените санкции против Техеран од ЕУ и САД. Во 2012 година трговската размена изнесувала 2,33 милијарди долари, или 37,9% помалку од 2011, пренесува РИА Новости. Извозот од Русија во Иран е намален за 44,1%, а рускиот увоз пораснал за 21,8% до 428,5 милиони долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња