Во јули годинава во Русија се родиле 181.900 деца, што е за 11.000 повеќе од истиот месец во минатата година. „Ова е најголемо месечно ниво на наталитет откако се реализира демографската програма“, изјави во понеделникот министерот за труд и социјална заштита, Максим Топилин. Според податоците на неговото министерство, од почетокот на годината (јануари - јули) се родиле 1.085.000 деца, што е за 8.400 повеќе отколку во истиот период во 2012.
Природен прираст на населението во Русија е забележан два месеца по ред (23.200 луѓе).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче