Повеќе од една третина од Русите ниту еднаш не патувале по Русија. Овој одговор го дале 36% од жителите на земјата, пренесува фондот „Општествено мислење“.
Од тие кои патувале по Русија, најмногу им се допаднал Санкт Петербург (10%) и Москва (8%). Уште 5% од анкетираните именувале населено место кое се наоѓа „до морињата, на југ“.
Што се однесува до жителите и нивните планови, најмногу анкетирани би сакале да патуваат во Санкт Петербург (15%). Езерото Бајкал е на второто место со 11%, а Сочи, Москва и Далечниот Исток - 6%.
Дури 31% од жителите на Русија не ја посетиле Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче