Русија бара од САД да ја објасни улогата на воената биолошка лабораторија во Грузија

Москва бара од Вашингтон да ја објасни улогата на воената биолошка лабораторија која се наоѓа недалеку од грузискиот главен град, изјави Генадиј Онишченко, главниот државен санитарен лекар.

Москва бара од Вашингтон да ја објасни улогата на воената биолошка лабораторија која се наоѓа недалеку од грузискиот главен град, изјави Генадиј Онишченко, главниот државен санитарен лекар.

„Подготвени сме да разговараме со Стејт департманот и со Министерството за одбрана на САД на оваа тема“, изјави тој, додавајќи дека на состанокот добро би било да присуствува и Грузија.

„Имаме јасно сознание за тоа каква е улогата и целта на тој воен објект“, нагласи Онишченко. Тој исто така напомна дека Русија не е задоволна од објаснувањата кои ги даде американскиот амбасадор во Грузија. „Тој се обидува да го избегне главното прашање: што прават американските микробиолози во Грузија? Ние добро знаеме што тие прават таму“, истакна Онишченко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња