На 20 септември во Москва ќе се отвори првата голема изложба на фотографии "InstaART". Изложбата влезе во програмата на 5-то Московско биенале на современата уметност и ќе трае до 19 октомври. Местото на одржување ќе биде во зградата на Рижската железничка станица.
На изложбата ќе може да учествува секој корисник на Инстаграм од Русија. За да се пријави учесникот, тој треба да постави хештег на изложбата #voxxter за новите или веќе поставените фотографии. Единствен услов е објектите на фотографиите да бидат експонати од музеите, предмети од уметничко значење, стрит-арт, споменици и друго, создадени преку филтрите на Инстаграм.
Се планира да бидат поставени околу 2.500 фотографии. Повеќе информации, како и пренос во живо на фотографиите на учесниците можете да следите на -http://promo.voxxter.ru/instaart/.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче