Извор во администрацијата на Обама ја прокоментира статијата на Владимир Путин, објавена во весникот Th New York Times, изјавувајќи дека претседателот на Русија треба да го овоплоти во реалност кажаното и планот за разоружување на сирискиот режим.
„Тој даде предлог и сега тоа е негова зона на одговорност. Тоа е добро... Тој (Путин) целосно се залага за разоружување на Сирија, и тоа е подобро отколку воен удар кој не би дозволил во целост да се уништи хемиското оружје. Сега тоа е негов проблем. Тој треба да го исполни тоа што го кажа“, изјави изворот за CNN.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.