ABC News: Русија е втора после САД според бројот на емигранти

ООН соопшти дека во 2013 година бројот на емигранти во светот порасна до 232 милиони луѓе, што е 3,2% од сите жители на Земјата, пренесува The ABC News.

ООН соопшти дека во 2013 година бројот на емигранти во светот порасна до 232 милиони луѓе, што е 3,2% од сите жители на Земјата, пренесува The ABC News.

Во 1990 година во светот имало 154 милиони емигранти, а во 2000 - 175 милиони.

Речиси две третини од емигрантите живеат во Европа и Азија, во Европа - 72 милиони, а во Азија - 71 милион. Во последниве 23 години најмногу емигранти пристигнале во САД - речиси 23 милиони. Сега во САД живеат 45,8 милиони емигранти.

Второто место во светот припаѓа на Русија - регистрирани се 11 милиони емигранти. Понатаму следуваат Германија, Саудиска Арабија, ОАЕ и Велика Британија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња