Според анкетата на ФОМ, три четвртини од Русите (77%) не поддржуваат воена меѓународна операција во Сирија.
Од друга страна, пак, дури 55% од Американците (анкета од CNN) не поддржуваат воена операција во Сирија, дури и ако Конгресот изгласи за операција. Сепак, ако Конгресот гласа против, 71% од жителите на САД би биле против операција.
Седум од десет Американци сметаат дека вмешувањето во сириската ситуација не е во интересите на САД.
Анкетата на ФОМ е направена на 31 август и 1 септември со учество на 1.500 лица, а анкетата на CNN е извршена од 6 до 8 септември со 1.022 лица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче