Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, го поддржа предлогот на Русија за организирање на меѓународна контрола на хемиското оружје во Сирија. На тој начин Сирија би се приклучила кон конвенцијата за забрана на хемиското оружје.
Во соопштението кое го објави венецуелската влада истакнато е дека оваа иницијатива може да овозможи и по дипломатски пат да се спречи почетокот на воената операција против Дамаск.
Властите на Венецуела апелираа на сите земји во светот да го поддржат овој предлог. Владата на Венецуела уште еднаш истакна дека со Сирија гради пријателски односи и потврди дека ќе направи сѐ што е во нејзината моќ за да го осигури мирот во Сирија, почитувањето на нејзиниот суверенитет и правото за самоопределување, независност и територијален интегритет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче