Со одлука на Московската градска изборна комисија, донесена на седницата на ова тело во средата, вршителот на должноста градоначалник на Москва е регистриран како избран градоначалник на Москва.
„Не постојат околности кои би можеле да претставуваат препрека во регистрацијата на Сергеј Семјонович Собјанин како избран градоначалник“, изјави претседателот на Московската градска изборна комисија на седницата.
На оваа одлука претходеше официјална потврда на резултатите од гласањето за избор на градоначалник на Москва, според кои Собјанин освои 51,37% од гласовите, а неговиот главен ривал, Алексеј Навални - 27,24%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче