Новата градоначалничка на Петрозаводск ја откажа сопствената инаугурација

На регионалните избори во Русија, кои се одржаа на 8 септември во Петрозаводск, административниот центар на Карелија, забележан е неочекуван резултат. Таму во борбата за градоначалник победата ја однесе Галина Ширшина, самостоен кандидат, која освои 13% повеќе гласови од досегашниот градоначалник од партијата „Единствена Русија“.

На регионалните избори во Русија, кои се одржаа на 8 септември во Петрозаводск, административниот центар на Карелија, забележан е неочекуван резултат. Таму во борбата за градоначалник победата ја однесе Галина Ширшина, самостоен кандидат, која освои 13% повеќе гласови од досегашниот градоначалник од партијата „Единствена Русија“. Новата градоначалничка има само 34 години, нејзиниот татко е воено лице, а мајката - учителка. Галина е магистер по педагошки науки, шеф на катедрата за педагошка психологија на Карелскиот државен универзитет, а од 2013 година и директор на издавачката куќа „Губернија“.

Галина Ширшина веќе ја донесе првата одлука, со која покажа дека се разликува од повеќето руски чиновници - се откажа од својата инаугурација. „Не сметам дека е потребно за време на работното време да се соберат неколку стотици луѓе за да ја прослават мојата победа. Од моја гледна точка, нема никаква смисла парите и човечките ресурси да се трошат за вакво нешто“, изјави младата градоначалничка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња