Путин вети остар одговор за обвинувањата за кршење на човековите права на Кавказот

Русија е приморана остро да одговори на обвинувањата од странство за кршење на човековите права на Северен Кавказ, истакна Владимир Путин на седницата на Советот за безбедност во ООН, пренесува РИА Новости.

„Не можеме а да не посветиме внимание на неоснованите обвинувања на одделни странски медиуми и на површните извештаи на меѓународните организации за наводно кршење на човековите права на Северен Кавказ. Подобро би било да се занимаваат со сопствените пропусти и да го спречат кршењето на различни права и норми“, нагласи Путин.

Тој подвлече дека е неопходно одлучно да се спречат обидите на одделни земји да ги искористат „проблемите на Северен Кавказ и да ги насочат на штета на интересите на Русија“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.