PetroChina ќе вложи 10 милијарди долари во наоѓалишта во Источен Сибир

PetroChina планира да инвестира во руските наоѓалишта на гас во Источен Сибир, соопштува Блумберг.

PetroChina планира да инвестира во руските наоѓалишта на гас во Источен Сибир, соопштува Блумберг.

Оваа компанија е „ќерка“ на Кинеската национална нафтена корпорација, и е заинтересирана да вложи 10 милијарди долари во наоѓалиштата кои ги разработува „Гаспром“ и „Роснефт“.

Русија води преговори со Кина за испорака на гас во обем од 68 милијарди кубни метри годишно, па овој договор стана сериозен чекор напред по ова прашање. За PetroChina ова е најголемата инвестиција во странство досега. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња