Организаторот на атентатот на Путин осуден на 10 години затвор

Илја Пјанзин, осомничениот за подготовка на атентат на Путин – е осуден на 10 години затвор. Оваа одлука ја донесе Московскиот градски суд. Пјанзин на судот ја признал вината, постигнал договор со истражните органи и добил казна која не е поголема од две третини на максимално можната казна. Тој казната ќе ја отслужи во строга затворска колонија.

Обидот за атентат се откри на 27 февруари. Според верзијата на истражните органи, осомничените терористи Руслан Мадаев, Адам Осмајев и државјанинот на Казахстан. Илја Пјанзин донеле експлозив во Одеса. Кога на 4 јануари 2012 година дошло до случајна експлозија, Мадаев загинал, а Пјанзин со изгореници е примен на одделението за реанимација. Третиот осомничен успеал да побегне, но наскоро после тоа бил приведен.

Пјанзин покасно сведочеше за подготовка на терористички напади на територијата на Русија. Тој изјави дека постоела намера веднаш после мартовските избори за претседател на Русија да се изврши атентат врз Путин. Убиството требало да биде извршено со експлозија во минијатурен автомобил на трасата по која се движела претседателската поворка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.