Официјалната невработеност во Русија се намали во август за дополнителни 2,8%

Официјалната невработеност во Русија во август се намали за 2,8% и изнесува 928.600 луѓе, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјава на прес-службата при Министерството за труд и социјална заштита на Русија.

Претходната статистика на 24 јули покажуваше дека невработени има 956.000 луѓе во Русија.

Бројот на невработени е намален во 75 региони во Русија. Најмногу нови вработувања има во Камчатскиот крај, Карачаево-Черкеската република, Сахалинската област и во Алтајскиот крај.

Русија има една од најниските стапки на невработеност во Европа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња