Во Москва започнува голема интерактивна изложба посветена на шахот

Интерактивната изложба „Царска игра“, посветена на шахот, започнува во московскиот Руски музеј во текот на денешниот ден, известува прес-службата на музејот.

Интерактивната изложба „Царска игра“, посветена на шахот, започнува во московскиот Руски музеј во текот на денешниот ден, известува прес-службата на музејот.

На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 70 шаховски комплети, 5 маси за играње, а исто така и ретки предмети од 4 музејски збирки.

„Проектот Царска игра не ја покажува само историјата на шахот, туку и културно-уметничкиот контекст. Тоа е и интерактивна изложба која ќе им овозможи на посетителите да влезат во светот на шахот“, стои во известувањето.

Меѓу експонатите се наоѓаат и комплети за шах од порцелан, метал, коски од морж, мамут и слон, од дрво, стакло и камен, од брезова кора и килибар, изрезбани, лиени и други фигури. Меѓу сите овие експонати се очекува најинтересен да биде комплетот за игра во вселена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња