Московскиот градски суд го осуди правникот Дмитриј Виноградов на доживотна робија. Тој во канцеларијата на фармацевтската компанија во која работел убил шест свои колеги.
Експертите во текот на истрагата го прогласија Виноградов за урамнотежен, и покрај психичкото растројство во моментот на извршување на убиството. Како што утврдија истражните органи, Виноградов се одлучил за ваков чекор после раскинувањето со девојката.
Самиот Виноградов делумно ја призна вината. Тој изјави дека не намерувал да пишува мизантропски манифест и дека „не треба да се следи неговиот пример“.
Убиството се случи на 7 ноември 2012 година. Непосредно пред него Виноградов на својата страница на социјалната мрежа објавил натпис со негативни изјави за човештвото. Тој употребил изрази како „генетско ѓубре“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче