Русија уништи повеќе од 76% од своите резерви на хемиско оружје

Русија уништи повеќе од 30.600 тони хемиско оружје, останато дури од времето на „студената војна“, пренесува ИТАР-ТАСС. Тоа е еквивалентно на 76% од хемиското оружје кое го поседува Русија.

Русија уништи повеќе од 30.600 тони хемиско оружје, останато дури од времето на „студената војна“, пренесува ИТАР-ТАСС. Тоа е еквивалентно на 76% од хемиското оружје кое го поседува Русија.

„Русија не го намалува темпото на реализација на своите обврски во рамките на меѓународната Конвенција за хемиско оружје“, изјави началникот на федералната управа за безбедно чување и уништување на хемиското оружје, Валериј Капашин.

Останатите резерви на хемиско оружје планирано е да бидат уништени до 2015 година. Програмата за уништување на хемиското оружје е започната во 1996 година, во согласност со меѓународната хашка Конвенција за забрана на хемиското оружје. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.