Обама е подготвен да се откаже од воен напад врз Сирија

Вашингтон е подготвен да се откаже од воена операција против Сирија ако сириската власт го предаде хемиското оружје под меѓународна контрола, изјави во понеделникот американскиот претседател Барак Обама.

Вашингтон е подготвен да се откаже од воена операција против Сирија ако сириската власт го предаде хемиското оружје под меѓународна контрола, изјави во понеделникот американскиот претседател Барак Обама. Рускиот предлог, без разлика што е сложен за реализација, не само што дава можност да се избегне воената интервенција, туку ќе ѝ даде шанса на Белата куќа да избегне дебакл во текот на гласањето за сириската резолуција во Конгресот.

Новиот неочекуван чекор во сирискиот проблем се случи во понеделникот. Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, го повика Дамаск да го предаде хемискоро оружје под меѓународна контрола, како и последователно да разгледа негово уништување. Сириските власти се согласија со предлогот.

„Тоа нема да го реши ужасниот конфликт во Сирија кој и понатаму трае. Но ако можеме да ја постигнеме таа конкретна цел без примена на сила, тоа ќе биде примамливо и за мене“, изјави Обама во интервју за CNN. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња