Две огромни ѕвона ја надополнија камбанаријата на Александро-Невската лавра

Пред свеченоста по повод 300-годишнината на Александро-Невската лавра, во најстариот манастир на Санкт Петербург се донесени и осветени две огромни ѕвона за реконструираната манастирска камбанарија.

Пред свеченоста по повод 300-годишнината на Александро-Невската лавра, во најстариот манастир на Санкт Петербург се донесени и осветени две огромни ѕвона за реконструираната манастирска камбанарија.

Двете нови ѕвона се тешки по 6,2 и 3,5 тони и се донесени од Москва. Ѕвоната засега ќе бидат монтирани на привремена камбанарија кај влезот во црквата Света Троица во рамките на манастирот за да можат верниците и гостите да ги видат одблизу за време на претстојните свечености.

Камбанаријата во лаврата некогаш имала 14 ѕвона, а обновената камбанарија ќе има 15. Досега се реконструирани 11 ѕвона. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња