Шојгу го прекина државното тестирање на новите нуклеарни подморници

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, донесе одлука да се прекинат државните тестирања на нуклеарните подморници.

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, донесе одлука да се прекинат државните тестирања на нуклеарните подморници „Александар Невски“ и „Владимир Мономах“, како и прекин на тестовите на интерконтиненталните балистички ракети „Булава“ поради неуспешното лансирање на тој вид ракети на Камчатка. Ракетата регуларно беше лансирана од лансирниот контејнер, но во втората минута од летото дојде до дефект во нејзиниот навигациски систем.

Комисијата под раководство на адмиралот Виктор Чирков ги разгледува причините за неуспешното лансирање. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња