Руските градови нема да се натпреваруваат за одржување на летните Олимписки игри

Претседателот на Олимпискиот комитет на Русија, Александар Жуков, изјави дека руските градови засега нема да претендираат за одржување на летните Олимписки игри, пренесува РИА Новости.

Претседателот на Олимпискиот комитет на Русија, Александар Жуков, изјави дека руските градови засега нема да претендираат за одржување на летните Олимписки игри, пренесува РИА Новости.

Жуков ги негираше слуховите дека за право за одржување на летните Олимписки игри можат да претендираат Москва или Казањ. „Засега е рано за тоа да се зборува. Ние треба првин да ги одржиме Игрите во Сочи, а потоа ни претстои и шампионатот во фудбал во 2018 година“, изјави шефот на Олимпискиот комитет.

Претходно стана јасно дека главен град за Олимписките игри во 2020 година е избран Токио. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња