Русија ќе воведе забрана за увоз на молдавско вино

Раководителот на Роспотребнадзор, главниот државен санитарен лекар на Русија, Генадиј Онишченко, изјави дека Русија ќе биде приморана наскоро да воведе забрана за увоз на молдавско вино. „Се создава најлошото од сите можни сценарија“, изјави Онишченко за „Интерфакс“.

„Ситуацијата многу брзо се движи кон остварување на крајните мерки во однос на молдавската страна“, изјави тој.

На 3 септември шефот на Роспотребнадзор изјави дека тој се сомнева во квалитетот на виното кое доаѓа од Молдавија. Тој соопшти дека руската страна повеќепати предупредувала за квалитетот на виното, а минатата недела руската страна одзеде четири партии молдавско вино на рускиот пазар.

Онишченко изјави дека главен проблем во оваа ситуација е отсуството на национален систем за контрола на квалитетот и безбедноста во индустријата за производство на вино во Молдавија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња