Русија ќе плати милијарда рубљи за „Украина“

Ракетниот крстосувач од проектот 1164 (поранешна „Украина“) ќе биде дограден во Николаево до крајот на годината и ќе ѝ биде предложен на Русија за 1 милијарда рубљи (околу 23 милиони евра). Овој брод стои незавршен веќе 20 години поради отсуство на финансии.

„Се договоривме до крајот на годината украинските крстосувач да биде довршен во интересите на нашите морски сили. Ние предложивме за него 1 милијарда рубљи. Тоа е многу добра цена за брод кој не е довршен, и ако воопшто се договараме понатаму - цената ќе се намалува“, изјави претставник на Воено-индустриската комисија при владата на Русија.

Претходно беше соопштено дека во 1995 година, цената на крстосувачот изнесувала 720 милиони долари.

Според оценката на фабриката, изградбата на бродот е 95% завршена. Претставник на Воено-индустрискиот комплекс смета дека Украинците го преувеличуваат степенот на готовност на крстосувачот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња