„Јас сум со Путин“, вака гласи натпис под плакати со ликот на претседателот на Русија кои се појавија на сите главни улици на Рим. Плакатите ги лепат членовите на неодамна обновеното ултрадесничарско движење „Национален фронт“. Активистите на оваа организација се одлучија на овој начин да изразат протест против американската интервенција во Сирија, како и против преголемото влијание на сексуалните малцинства во Европа.
„Со ова сакаме да ја покажеме и изразиме нашата поддршка за забрана на геј пропагандата во Русија и за забраната за посвојување деца од хомосексуални парови, но и да ѝ се заблагодариме на Русија за нејзиниот став околу Сирија“, изјавија претставниците на ова движење.
Градските власти на Рим прават сѐ што можат за да ги тргнат плакатите, но нивниот број за време на ноќта се зголемува.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче