Среќна амајлија на новата експедиција на Меѓународната вселенска станица ќе биде плишено црно маче кое веќе двапати било во вселената, соопшти Олег Котов, член на екипажот за „Роскосмос“.
„Нашата амајлија е ветеран со два вселенски лета, а ќе полета со мене по трет пат. Ова црно маче доби име Димлер, по имињата на моите деца - Дима и Лера“, изјави Котов.
Руските космонаути Олег Костов и Сергеј Рјазански, како и астронаутот на НАСА, Мајкл Хопкинс, се подготвуваат да тргнат накај МВС на 26 септември со вселенскиот брод „Сојуз ТМА-10М“ од Бајконур.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче