Во далечноисточните региони на Русија од поплавите настрадаа 350 населени места. Повеќе од 100 од нив се сѐ уште под вода. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на Владимир Пучков, шеф на Министерството за вонредни состојби на Русија.
Според зборовите на Пучков, во настраданите места живеат повеќе од 100.000 луѓе.
Претходно е соопштено дека жителите на далечноисточните региони на Русија чии домови се поплавени - ќе добијат околу 400 милиони евра помош.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче