Месец дена откако поранешниот службеник на ЦИА ја напушти транзитната зона на аеродромот Шереметјево, новинарите успеаја од неговиот адвокат да дознаат како Сноуден го поминува времето во Русија.
Како што тие дознаа, тој има можност да патува по земјата, но информациите за тоа каде се наоѓа внимателно се чуваат во тајност. Тој има пристап до Интернет и веќе е во врска со своите пријатели и родители. Сноуден често добива понуди за работа, но сè уште се нема решено што ќе прави во врска со тоа.
Тој доста ги чита руските класици на англиски јазик – Толстој, Достоевски, и веќе успеа да совлада неколку зборови и изрази на руски како „тяжко“ („тешко“) и „стакан“ („чаша“).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче