Римскиот папа му напиша писмо на Путин околу Сирија

Римскиот папа Франциско му напиша на Путин писмо околу ситуацијата во Сирија, во кое го повикува претседателот на Русија и понатаму да се бори за мирно разрешување на конфликтот. Освен тоа, папата военото решение на проблемот го нарече „залудно и јалово“.

„Лидерите на Г-20 не можат да останат рамнодушни кон драматичната состојба во која се наоѓа сирискиот народ и кој би можел да продолжи да пати во регионот богат со судири, регион на кој очајно му треба мир“, напиша папата. Тој апелираше на земјите на Г-20 да ги надминат своите несогласувања, да ги прекинат разгледуваните планови за интервенција и да се обидат на мирен начин да го разрешат сирискиот конфликт. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња