Оваа есен ќе биде богата со концерти во Русија

Русија започнува нова сезона на гостувања на музичари. Како што завршува летното време, концертниот живот во државата полека оживува. На 8 октомври во Русија ќе имаат концерт Uriah Heep, воедно и првата група која дојде во СССР после падот на железната завеса.

На 22 и 23 октомври во Москва ќе настапи групата Scorpions, кои во 1988 година за прв пат одржаа концерт во СССР. 

6 ноември љубителите на Deep Purple во Русија ќе можат да уживаат во нивната музика на стадионот „Олимписки“, а на 15 ноември ќе настапи англиската група The Subways. Веднаш следниот ден, љубителите на џез музиката ќе можат да го слушнат Џо Бонамас.

Сузан Вега ќе гостува во Русија на 18 октомври, а после неа ќе настапат до крајот на годината следниве групи  Black Rebel Motorcycle Club, The Orbital, The Brand New Havies, Freak Power, These New Partisans, Warpiant, Tiger Lilies, Poni Hoax, Travis и многу други.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња