Во септември Сојузот на винари во Русија сака да иницира промени во редица федерални закони со цел да ги истиснат странските произведувачи на вино од пазарот. Измените треба да обезбедат олеснување на процедурата за добивање лиценци, зголемување на бројот на големи претпријатија кои се занимаваат со одгледување на грозје, преработка на грозјето и производство на вино, а исто така и да влијаат на цените, пишува „Росијскаја газета“.
Според нив, услови за одгледување квалитетни сорти грозје има, но проблемите ги реализираат во самата реализација. Тие сметаат дека доброто природно вино од руско грозје може да чини минимално 230 до 300 денари за литар.
Засега на полиците во Русија најмногу е присутно странското увозно вино. Винарите во Русија сметаат дека виното од природно грозје може да помогне во „деалкохолизацијата на општеството“, бидејќи би се истиснале од пазарот и од трпезите високоалкохолните пијалаци.
Во Сојузот на винари сметаат дека најголема пречка за развојот на овој сектор е лиценцата. Тие пресметале дека треба да се поседуваат не помалку од 100 хектари лозје за да се исплатат трошоците за добивање лиценца за производство на вино, додека во Европа и САД доволно е да се поседуваат 5-6 хектари за да се компензираат истите трошоци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче