Сè уште нереформираната Руска академија на науки – е институт на кој Русите најмногу веруваат, дури 67% од населението. Ова го покажува анкетата на истражувачкиот холдинг „Ромир“.
На второто место се најде Руската православна црква. Нејзе и веруваат 66% од Русите (15% целосно веруваат во неа, а 52% - делумно).
На третото место се најде претседателот на Русија – нему му веруваат 63% од населението (16% во целост му веруваат, а 47% - делумно). На четвртото место се наоѓа руската армија, подолу во списокот се Министерството за образование, локалните власти и средствата за масовно информирање.
Како и секогаш, во полицијата веруваат само 6% од жителите на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче