Русија планира да започне со реализација на проект за зголемување на финансиската писменост на населението од 2014 година, изјави министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов за време на брифингот посветен на презентацијата на извештајот за националните стратегии на државите од Г-20, пренесува кореспондент на Газета.
Финансиската писменост - тоа е една од основните теми на претседателството на Русија во Г-20. Иницијативата на Русија ја поддржаа сите држави на Г-20.
Според зборовите на министерот, Русите недоволно се разбираат во особеностите на финансиските продукти и не секогаш можат правилно да ги оценат ризиците, да донесат ефективни решенија. Овој проблем е карактеристичен и во другите држави на Г-20. „Имено младото население е едно од поранливите социјални групи“, уточни Силуанов, додавајќи дека некои елементи на финансиската писменост треба да се предаваат и во училиштата. Притоа, не станува збор за воведување на нов предмет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче