„Електронска учителка“ ќе ги учи децата математика

Мобилниот програмски пакет за учење основни математички операции, „Училка“, е признат за најдобар образовен стартап-проект за 2013 година според конкурсот на Chain Reaction.

Мобилниот програмски пакет за учење основни математички операции, „Училка“, е признат за најдобар образовен стартап-проект за 2013 година според конкурсот на Chain Reaction.

Во моментов не постојат аналози на овој пакет ниту во Русија, ниту во светот. Создавачите на проектот се Владислав Гусев и генералниот директор на NextStep Entertainment.

Проектот се состои од десет лекции кои ги води учителката Агнеса Ивановна. Таа е симбол на она што денес во Русија се подразбира под „наставник“: строга, но срдечна и искрена жена „над 45 години“ со очила.

Оваа учителка е изборот на учениците од трето одделение во едно од московските училишта. Како алтернативи за наставник беа предложени вонземјани, роботи, був и други чудни ликови, но најголемиот дел од децата гласале за учителката.

Суштината на програмата е во дијалогот, кој е овозможен благодарејќи на усовршениот систем за препознавање на говорот. На овој начин електронската учителка може не само да ги именува своите ученици по име, но може да одржува полноцен дијалог. Еден час одзема околу час и половина, а после завршување на часот на електронската пошта на родителите се испраќа диплома и резултатите од електронските часови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња