Во Санкт Петербург започна самитот Г-20. Веќе во градот дојдоа лидерите на 19 држави и ЕУ, делегации на ООН и од Меѓународниот монетарен фонд, а исто така и шефовите на поканетите држави. Самитот ќе се одржува два дена – на 5 и 6 септември.
На првиот ден од самитот планирана е протоколарна средба на која ќе се разговара за прашањата за економскиот раст и глобалната економија, а вечерта ќе биде одбележана со свечена вечера и музичко шоу во Петерхоф.
Г-20 – е форум на држави кои претставуваат 90% од светскиот БДП и 80% од светската трговија. Во моментов статус на постојан член во Г-20 имаат 19 држави и ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче