Русија ги претстави резултатите од сопствените анализи за хемискиот напад во Сирија

Русија ги претстави резултатите од сопствената анализа за еден од случаите на примена на хемиско оружје во Сирија. Документот го објави Министерството за надворешни работи на Русија.

Русија ги претстави резултатите од сопствената анализа за еден од случаите на примена на хемиско оружје во Сирија. Документот го објави Министерството за надворешни работи на Русија.

Руските специјалисти ги анализирале примероците кои ги зеле од едно од местата каде е употребено хемиско оружје во март годинава, недалеку од градот Алепо. Анализата е направена по молба на сириската влада.

Експертите заклучија дека применетото хемиско оружје не е масовно произведувано, односно не доаѓа од сириската армија, туку е направен во домашни услови.

„За активирање на оружјето е употребен хексаген, кој воопшто не се употребува во хемиското оружје кое се произведува организирано“, се кажува во документот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.