Русија испорача во Сирија одредени компоненти за противавионскиот ракетен систем С-300, но испораката не е завршена во целост. Што се однесува до понатамошните чекори, Москва ќе постапува во склад со развојот на ситуацијата. Ова го изјави Владимир Путин во интервју за рускиот Прв канал и за американската агенција „Асошиејтед прес“.
„Испорачавме одредени компоненти за С-300, но испораката не е завршена. Но, ако видиме дека се преземаат чекори кон кршење на важечките меѓународни норми, ќе размислиме за тоа како ќе постапиме во иднина и дали ќе ја завршиме испораката на овој вид оружје“, изјави Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче