Путин: Џон Кери лаже, и тоа свесно лаже

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека државниот секретар на САД, Џон Кери лаже во врска со последните изјави за Сирија.

 Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека државниот секретар на САД, Џон Кери лаже во врска со последните изјави за Сирија.

Според зборовите на Путин, тој ги гледал дебатите во Конгресот на САД околу ситуацијата во Сирија и бил непријатно изненаден од коментарот на Кери за отсуството на Ал-Каеда во Сирија.

На прашањето на конгресменот, дали ќе се засилат позициите на Ал-Каеда во Сирија после ударот на американската армија, Џон Кери изјавил дека таа терористичка организација не функционира во Сирија.

„Е па лаже. И знае дека лаже. Тоа е жално“, изјави Путин на заседанието на советот за правата на човекот.

Москва истапува против военото решавање на сирискиот конфликт. Руските власти бараат убедливи докази за примена на хемиско оружје од страна на Башар Асад. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња