Руски „Гаспром“ е заинтересиран за соработка со Република Македонија, ова вчера го изјави Алексеј Милер после преговорите со премиерот на Македонија, Никола Груевски.
„РМ се наоѓа во плановите на развој на руската компанија. И покрај веќе постоечките планови и проекти, во иднина „Гаспром“ ќе разгледа и можности за други инвестиции во оваа држава“, забележа Милер.
Како што соопштија кореспондентите на ИТАР-ТАСС за време на прес-службата на Владата, учесниците на средбата разговарале за реализацијата на проектот „Јужен тек“, конкретно за роковите за изградба и започнување со експлоатацијата. Алексеј Милер и Никола Груевски подвлекоа дека после ратификацијата на потпишаниот договор за приклучување на Македонија кон „Јужен тек“ ќе се создаде заедничко претпријатие кое ќе ги разгледува сите понатамошни чекори.
Руско-македонскиот договор за соработка при создавањето на крак од гасоводот „Јужен тек“ беше потпишан во Москва на 23 јули.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче