САД сметаат дека руските бродови нема да реагираат во случај на напад врз Сирија

Властите на САД сметаат дека руската воена флота нема да реагира во случај на воен удар во Сирија. Ова го пренесува Ројтерс, цитирајќи ги зборовите на Марти Демпси.

Властите на САД сметаат дека руската воена флота нема да реагира во случај на воен удар во Сирија. Ова го пренесува Ројтерс, цитирајќи ги зборовите на Марти Демпси.

„Четирите бродови на Русија кои се наоѓаат источно во Средоземното море ние не ги гледаме како воен фактор, бидејќи тие и понатаму се далеку од Сирија“, изјави Демпси.

Според зборовите на претставникот на вооружените сили на САД, воената морнарица на Соединетите Американски Држави исто така испратила свои воени бродови во регионот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.