Рускиот космонаут Павел Виноградов, кој во моментов работи на МКС, го прослави вчера својот 60-ти роденден.
Роденденот му го честиташе и претседателот Владимир Путин со зборовите: „Вие својот живот во целост го посветивте на вселената, па дури и роденденот го прославувате во орбита заедно со екипажот на Меѓународната вселенска станица. Со вашата посветеност и многу одговорен пристап кон решавање на поставените задачи стекнавте голем углед и заслужено почитување“, се наведува во телеграмата.
Павел Виноградов веќе имал 7 излегувања во отворена вселена, каде има вкупно поминато 31 час и 47 минути. Тој е најстариот човек кој воопшто некогаш излегува во отворена вселена (на 59 години).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче