Раководството во Министерството за одбрана на Русија донесе одлука да се зголеми бројот на извидувачки бродови во Средоземното море за да се има подобар увид во ситуацијата крај бреговите на Сирија. Кон сириските брегови се упати бродот „Приазовје“ од Црноморската флота, соопштено е во рускиот Генералштаб.
Минатата недела исто така беше објавено дека командата на Воената морнарица на Русија поради ситуацијата во Сирија донела одлука да го обнови составот на постојаната оперативна флотила во Средоземното море. Флотилата на Воената морнарица на Русија наскоро ќе биде надополнета и од ракетниот крстосувач на Црноморската флота „Москва“, кој во моментов ги завршува задачите во Северниот Атлантик.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче