Фудбалската федерација на Косово (ФФК) поднесе жалба до ФИФА против Русија, чии власти одбиваат да издадат виза за фудбалерот Кристијан Нуши, бидејќи има косовски пасош.
„Знаеме дека не поддржувате и Вие и ФИФА, која мора да ги заштити правата на косовските фудбалери во оваа сложена политичка ситуација“, се кажува во писмото на Фудбалската федерација на Косово до претседателот на ФИФА, Јозеф Блатер.
„Случајот со Кристијан Нуши претставува опасен преседан и одраз на неправедниот однос кон фудбалот на Косово. Оваа случка е уште една потврда дека спортот мора да биде над политиката“, се кажува во писмото. Фудбалската федерација на Косово соопштува дека „е сѐ уште во шок“, бидејќи нема реакции на инцидентот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче