Сноуден: НСА го надледувала Аерофлот

Американската национална безбедноста агенција (НСА) неовластено извршила пристап до системот за резервација на карти на руската авиокомпанија „Аерофлот“.

Американската национална безбедноста агенција (НСА) неовластено извршила пристап до системот за резервација на карти на руската авиокомпанија „Аерофлот“, а ја следела и интерната комуникација на телевизискиот канал „Ал-Џезира“. Исто така, по електронски пат НСА ги шпионирала француските дипломати во претставништвата во Њујорк и Вашингтон. Ова го објави германскиот неделник „Шпигел“, повикувајќи се на податоците кои ги откри поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден.

Германскиот неделник се повикува на два тајни документа од март 2006 и јуни 2010. Во еден од нив се кажува дека НСА успеала да пристапи до заштитените комуникации на „целите од интерес“, меѓу кои биле и „Аерофлот“ и арапскиот телевизиски канал.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња