Нивото на вода во Амур кај Хабаровск достигна 8 метри

Нивото на вода во Амур кај Хабаровск на 2 септември изнесуваше 797 сантиметри. За еден ден нивото пораснало за 7 сантиметри, а во градот веќе се поплавени 600 куќи.

Нивото на вода во Амур кај Хабаровск на 2 септември изнесуваше 797 сантиметри. За еден ден нивото пораснало за 7 сантиметри, а во градот веќе се поплавени 600 куќи.

Според прогнозите на хидролозите, водата во реката до 5 септември ќе се подигне до 830 сантиметри, пренесува ИТАР-ТАСС. Градоначалникот на Хабаровск, Александар Соколов, оваа поплава ја окарактеризираше како „абнормална“.

Од прес-службата на администрацијата на Хабаровскиот крај соопштено е дека водата во Амур продолжува да расте на целата територија на регионот. Под вода веќе се наоѓаат повеќе од 1.800 куќи во кои живеат 5.300 луѓе, од нив 1.207 деца. Припадниците на министерството за вонредни ситуации во Русија продолжуваат со евакуацијата на населението од поплавените области. Само во текот на последните 24 часа евакуирани се повеќе од 100 луѓе. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња