Симболот на МГУ слави јубилеј

Главната зграда на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ (МГУ) слави јубилеј. Наставата во неа почна да се одржува пред точно 60 години, на 1 септември 1953 година.

Главната зграда на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ (МГУ) слави јубилеј. Наставата во неа почна да се одржува пред точно 60 години, на 1 септември 1953 година.

Облакодерот со 36 катови, кој денес е симбол на универзитетот, е граден четири години врз основа на проектот на архитектот Лав Руднев.

Висината на зградата е 240 метри. Кога беше изградена, таа веднаш сруши неколку рекорди, и во тој момент беше највисоката административно-станбена зграда во Москва.

Во главната зграда на МГУ денес се наоѓаат три факултети: геолошкиот, механичко-математичкиот и факултетот за географија, како и ректоратот и салите за седници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.