Министрите за одбрана и шефовите на МНР на Русија и Јапонија за прв пат ќе спроведат преговори во формат „2+2“ есенва, извести агенцијата Киодо, повикувајќи се на извор во владините кругови.
Како што пренесува агенцијата, решението ќе биде донесено за време на посетата на премиерот на Јапонија, Шинзо Абе во рамките на самитот на Г-20 на 5 септември во Санкт Петербург. Средбата на шефовите на министерствата за надворешни работи и одбрана ќе се одржи во октомври во формат „2+2“. Се очекува да се постигнат договори во различни области, вклучувајќи и проширување на соработката во областа на меѓународната безбедност и антитерористички акции.
Јапонија досега вршела преговори во ваков формат само со најблиските сојузници и партнери - САД, Франција и Австралија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче