Продажбата на првиот руски паметен телефон YotaPhone ќе започне во ноември, соопштува Ведомости. Според информацијата на весникот, во моментов Yota Devices се договара за испораките на уредот со руските компании за продажба на телефони.
Според зборовите на инсајдерите, презентацијата на проектот е најавена за ноември, а на интернет-страницата на YotaPhone може уште сега да се нарача уредот.
Како што пишува весникот, паметниот телефон има два екрана – традиционален, и еден со “black ink” технологија. Дизајнот е направен во Русија, а неговите составни делови се произведени во странство.
Извори во компанијата соопштуваат дека уредот ќе чини нешто помалку од 29.000 денари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче