Лавров: останува поканата за Обама да изврши посета во Русија

Поканата за Барак Обама да дојде во Русија останува да важи, изјави шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.

Поканата за Барак Обама да дојде во Русија останува да важи, изјави шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров.

„Таа посета, поради причини кои американската страна не ги кажа, не може да се одржи, но поканата за претседателот Обама останува, и тие документи кои беа подготвени – остануваат во сила. Се надеваме дека Барак Обама ќе ја искористи поканата и ќе ја посети Руската Федерација“, ги пренесува РИА Новости зборовите на Лавров.

Посетата на Обама требаше да се случи на 4 септември, пред одржувањето на самитот на Г-20, но беше откажана од САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.